1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американската улога во кризата на Блискиот исток

20 јули 2006

Според медиумски извештаи, израелските напади врз Либан биле договорени со САД. Портпаролот на американскиот претседател, Тони Сноу изјави дека немало соработка. Израел ја брани својата територија според сопствено наоѓање. Според медиумите, Вашингтон ќе му остави на Израел уште една недела за бомбардирањето на Хезболах. Се очекува наскоро во кризното подрачје да патува Кондолиза Рајс која претходно ќе и

https://p.dw.com/p/Adzi
Ќе патува на Блискиот исток, ама не се знае кога
Ќе патува на Блискиот исток, ама не се знае когаФотографија: AP

ма консултации со Кофи Анан:

Тони Сноу оспорува каков и да е договор меѓу американската влада и Израел:

„Се тврди дека имало или активни армиски договори, или соработка меѓу САД и Израел. Едноставно тоа не е точно. Израел ја брани својата територија, а американската влада прави дипломатски напори и повеќепати повика на воздржаност„.

Претседателот Буш од своја страна јасно соопшти кого смета за одговорен за настанатата ситуација:

„Сакам светот да види каде лежи главниот проблем. Тоа е Хезболах. Секако, имавме контакти со Израел. Никогаш нема на една нација да и кажеме како да се брани, но предупредивме на воздржаност. Либанската влада мора да ја преживее кризата„.

Буш, исто така изјави дека посакува брз крај на насилствата, меѓутоа нема никаков повик до израелската влада да ги запре воздушните напади врз Либан.

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс веќе најави турнеја на Блискиот исток, но не кажа кога ќе патува. Се вели дека ќе тргне кога ќе се оцени дека ќе биде неопходно и од помош. Според извештај во „Њујорк тајмс„ Рајс чека на успех на израелската воена акција, па потоа ќе замине, а тоа, според проценките, би можело да трае уште една недела. Најнапред ќе има средба со генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан кој тешко ќе може да ја убеди на брза акција. Американскиот амбасадор во Обединетите нации Џон Болтон јасно укажа на тоа:

„Едноставниот рефлекс да се бара примирје во оваа ситуација не функционира„.

Кофи Анан од своја страна, денеска ќе го информира Советот за безбедност за неговите дипломатски напори на Блискиот исток. Меѓутоа, тешко може да се сокрие бесот на некои членки на советот. Францускиот престатвник Жан де ла Сабиер:

„Таму има надпропорционална акција кога ќе се видат сите слики на стотици илјади како бегаат„.

Париз посакува разоружување на Хезболах, но не од страна на Израел, туку со трупи на ОН во соработка со Бејрут. Но, тоа, како што вели заменкиот на Анан, Марк Малох Браун би бил вториот или третиот чекор. Најнапред се важни човечките животи:

„Се убиваат невини цивили и тоа е недозволиво. Тоа убивање мора да престане, а потоа да дојде до долгорочен договор. Во тоа би учествувала досегашната мисија во Либан, УНИФИЛ, засилена со нова што би имала робустен мандат и веројатно повеќе моќ„.