Американската политичарка Пелози почнува Блиско источна турнеја
2 април 2007Реклама
Претседателката на американскиот претставнички дом, демократот Ненси Пелози, на почетокот на нејзнината Блиско источна турнеја пристигна во Бејрут. Таа ќе се сретне со либанскиот премиер Фуад Синиора, со водачот на антисириското мнозинство во парламентот, Саад Харири и просирискиот претседател на парламентот Набих Бери. Во рамките на турнејата Пелози ќе патува и во Сирија, Израел, Јордан, и Саудиска Арабија. Нејзиниот престој во Дамаск наиде на критики во Белата куќа. САД и префрлуваат на Сирија дека е поддржувач на тероризмот.