1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американската економија во слободен пад

28 јули 2011

Во очекување на договор за должничката криза, експертите предупредуваат дека американската економија се’ позасилено тоне

https://p.dw.com/p/125OS
Фотографија: DW-Montage

Според проценките на американската Централна банка, економскиот раст на САД бележи натамошен пад. Во многу делови од земјата конјуктурата заслабнала на почетокот од втората половина на годинава. Извештајот уште еднаш покажува дека најголемата економија во светот тешко излегува од економската криза. Особено загрижува ситуацијата на пазарот на труд. Бројот на невработени во јуни неочекувано се зголеми на 9,2 проценти. Освен тоа, демократите и републиканците веќе со недели не можат да постигнат договор околу зголемувањето на максималната граница на државно задолжување. Американското министерство за финансии и Централната банка се подготвуваат дури за евентуалното пропаѓање на преговорите меѓу спротиставените страни. Се работи на план, во случај САД навистина да станат платежно неспособни на 2. август, истакна во Вашингтон портпаролот на претседателот Барак Обама, Џеј Карни.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Симе Недевски