1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американската армија го избра Ербас

3 март 2008

Ербас го победи на домашен терен својот вечен ривал Боинг, добивајќи нарачка од 179 авиони од страна на Пентагон вредна околу 35 милијарди долари, односно 23 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/DHDw
Фотографија: AP

Ербас извојува победа на домашниот и, се‘ досега, резервиран терен на Боинг – американската армија. Пентагон се одлучи своите нови летечки танкери да ги нарача во Европа, од Европската авионска и вселенска индустрија.

Одлуката на Пентагон е оценета 88како неочекувана, Боинг цели педесет години имаше монопол врз овај вид авиони во американската армија. Авинот на Боинг беше голем фаворит, тој еднаш и го доби пазарот во 2003 година, но договорот беше поништен поради конфликт на интереси, поточно корупција на некои раководители на Боинг и американското министерство за одбрана.

Понудата на Ербас поинтересна од таа на Боинг

Боинг нудеше една веќе застарена верзија на авиони, додека Ербас ја понуди изменета верзија на своите карго А330, под ознаката КЦ-30, чии капацитети се поголеми од тие на Боинг 777.

Успехот на ЕАДС и неговата филијала Ербас, беше поздравена од европските политичари. Таа е оквалификувана како „историски успех“ од страна на претседателот на Франција, Никола Саркози. Од другата страна на Атлантикот реакциите се многу понегативни. Американските парламентарци не ја криеја нивната разочараност, како сенаторот Сам Броунбак, кој е „шокиран и многу разочаран“ од изборот на Пентагон.

Пентагон тврди дека во изборот на европскиот авион бил воден од пет причини: неговите карактеристики, неговиот одбранбен капацитет, автономијата, цената и неговата интеграција во постоечката флота.

Победата на Ербас ги задоволи и претставниците на американската држава Алабама, каде Ербас има предвидено да изгради фабрика во која ќе работат 1300 лица и во која ќе бидат составувани 179 примероци на КЦ-30.

„Крилата ќе продолжат да се произведуваат во Англија, носот на авионот во Франција и дел на трупот од авионот во Германија. Се разбира дека тоа ќе создаде работни места во Европа, исто како и во САД“, изјави извршениот директор на ЕАДС, Французинот Луи Галуа.

Заштита од силното евро

Неговата изјава е повеќе со цел да ги смири синдикатите на ЕАДС, кои стравуваат за работните места во Европа, посебно во фабриката во Тулуз, каде се составуваат Ербасите. По Кина, ова за сосема краток период ќе биде втора делокализација на ЕРБАС надвор од Европа. Новиот договор вреден 35 милијарди долари , може да се покаже за Ербас уште поголем, бидејќи американската армија располага со околу 500 авиони танкери, кои бараат да бидат заменети со нови. Добиениот пазар од Пентагон претставува зацврстување на воениот дел од производството на европскиот конзорциум, кој со делокализацијата на фабриката во САД, се заштитува и од силното евро.