1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американската авто-индустрија во ќорсокак

31 јули 2006

Новите полугодишни биланси покажаа дека додека на Мерцедес во моментов му оди подобро, во Крајслер повторно има проблеми. Причина за тоа е пред се, тешката ситуација на американскиот авто-пазар. Домашните марки страдаат од недостиг на замени, што го користат јапонските и германските производители:

https://p.dw.com/p/AeLF
„Германците„ напред, „Американците„ стој! Авто-индустријата во САД во криза
„Германците„ напред, „Американците„ стој! Авто-индустријата во САД во кризаФотографија: AP

„Имав Форд, потоа Шевролет, а не сакав ниту еден од нив. Ме оставаа на цедило кога најмногу ми требаа, на пример на пат кон работа. Овој автомбил е поинаков и постојано ми е на располагање„.

Чарлс Вилсон од Аризона е еден од милионите Американци кои веќе не се обзираат на домашните марки, туку, како тој, врз квалитет на јапонските или ако се сака поексклузивно, тогаш „мејд ин Џермани„.

Трендот во Америка: трите големи домашни концерни – Џенерал Моторс, Форд и полу-греманскиот Крајслер – губат, јапонските и германските производители добиваат. Причини има многу. На американските автомобили им се забележува дека имаат слаб квалитет, преголема жед по бензин и најчесто за здодевен дизајн. Освен тоа,се преспа фактот дека експлодираа цените на горивото и дека јасно се намали побарувачката по големи џипови и пикап-возила во кои концерните досега имаа големи добивки. Се бараат иновации, нови техники за моторите и помали вкрстувања меѓу лимузини и нормални автомобили, па конкуренцијата од преку море е во водство. Одговорот на Форд и компанија: развој на модели во духот на времето, и по некоја пцост на адреса на владата на Буш, вели авто-менаџерот Френк Фонтејн:

„Претседателот се уште не ја разбра улогата што ја играме во оваа земја. На пример, монетраната нерамнотежа од која профитираат Јапонците. Нашата влада седи, не прави ништо и дозволува работите да се случуваат„.

Сето ова, меѓутоа, им остава мал впечаток на клиентите во земјата. Тие пред се сакаат помали трошоци и повисок квалитет. Последново го имаат, вели познавачот на пазарот Ченс Паркер:

„Порано постоеја многу поголеми разлики меѓу нашите и јапонските автомобили. Со времето тие стануваа се помали и сега практично ги нема„.

Меѓутоа, лошиот имиџ остана, па Форд или Џенерал моторс мораат да го подобрат. Во исто време шефот на Дајмлер-Крајслер Дитер Цече како „Доктор Це„ и самиот влегува под автомобилот во полза на вицкастата рекламна кампања за подобриот углед на неговата фирма:

„Доктор „Це„ дали во мојот Крајслер вистина има германска техника„ прашува еден клиент. Се разбира, вели Цече, ние го вградуваме најдоброто од Америка и Германија. И што мислите: па автомобилот го измисливме ние„!