Ал Каеда регрутира самоубијци преку огласи
7 јуни 2012Во огласите се бараат волонтери со кои преку електронска пошта ќе се стапи во контакт за деталите околу нивното искуство и предложените цели на напад. Тие се објавени на џихадистички форуми, вклучувајќи ги Ал-Фида, Шмук ал-Ислам и Хонеин.
„Целта на оваа обука е да се продолжи со нашите браќа, кои тежнеат да спроведат операции со многу големи убиства и колеж на непријателите на исламот“, стои во огласот на Ал Каеда со седиште во Јемен.
„Сега е јасно дека поединечниот џихадист, или како што се нарекува ’волк самотник’, стана се повеќе распространет и неговото влијание почна да се гледа. Сумирано, тоа е комплетна џихадистичка операција која се спроведува од еден бомбаш“, се дополнува во огласот на Ал Каеда.
Цел на нападите ќе бидат „оние кои се борат против муслиманите и исламот“, а посебно се нагласуваат „економските, воените и медиумските интереси на непријателот“.
„Нивниот идентитет мора да биде, според приоритетот, американски, израелски, француски и британски“, стои во огласот.
Ал Каеда и нејзините разграноци често ги користат џихадистичките интернет форуми за преземање одговорност за напади, како и за комуникација со следбениците.