Ал Каеда повторно со силна структура
12 јули 2007Реклама
Терористичката мрежа на Ал Каеда, според американска владина анализа е засилена и опасна како во периодот на нападите од 11 септември 2001 година. И покрај прогонувањето во целиот свет, Ал Каеда одново се организираше, а седиштето се наоѓа во Пакистан, се вели во извештаи на дописници кои се повикуваат на ставови на експерти. Потенцијалот за напади во Европа и САД бил зголемен, се вели во проценката на тајните служби наменета за високо рангирани американски политичари и за што денеска треба да се дебатира во Белата куќа. Водството во Вашингон за првапат признава дека народот е уморен од ирачката војна. Незадоволството со политиката кон Ирак мора да биде признаено како централен факт, рече портпарол на претседателот Џорџ Буш.