1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда планира напади на брзи возови?

ЕМФ/ард/дв19 август 2013

Терористичката мрежа Ал Kаеда, според весникот „Билд“, планира напади на брзи возови во Европа. Германските безбедносни власти поради тоа се во состојба на готовност, наведува весникот.

https://p.dw.com/p/19Rve
Фотографија: imago/imagebroker

Американската тајна служба НСА, според безбедносни кругови на кои се повикува весникот „Билд“, „уловила“ информации за планирани напади на Ал Каеда во Европа. НСА, според весникот, „пред неколку недели“ прислушувалa телефонски разговор меѓу високи членови на терористичката мрежа. Во разговорот станало збор за серија напади на брзи возови.

Саботажа и напади

Според безбедносните експерти, замисливи се како акти на саботажа на шините, така и напади со експлозив на трасите или во тунелите, односно бомбашки напади во возовите.

Поради тоа, германските безбедносни власти се ставени во состојба на готовност, пишува „Билд“. Повеќе од две недели, како што се наведува, железничките станици и трасите по кои се движат брзи возови се обезбедени дополнително, меѓу другото, и од страна на цивилни лица на сојузната полиција.

Досега нема изјава од германското Министерство за внатрешни работи околу информациите на „Билд“.