1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда значително ослабена по Осама Бин Ладен

СН/АТ/ртр/афп28 април 2012

Терористичката мрежа Ал Каеда повеќе не е во состојба да изведе напади како оние на 11 септември 2011 година во САД, проценуваат американските тајни служби.

https://p.dw.com/p/14mOB
Фотографија: Picture-Alliance/dpa

Речиси една година по убиството на Осама Бин Ладен од страна на американските специјални сили тешко е замисливо јадрото на терористичката мрежа Ал Каеда да собере ресурси, пари и знаење за да изведе напади слични на оние врз Њујорк и Вашингтон во 2001. година, сметаат во разузнувачката заедница во САД.

Смртта на Бин Ладен дополнително ја ослабела Ал Каеда, нејзиното јадро во Пакистан е речиси исчезнато, но нејзините ограноци, особено во Јемен, Ирак, Северна Африка и Сомалија и натаму претставуваат закана. 

Роберт Кардиљо заменик директор на канцеларијата на Директорот за национално разузнување изјави дека Ал Каеда дополнително била ослабена и од  т.н арапска пролет- народните востанија во кои од власт беа соборени неколку повеќегодишни диктатори во арапските земји. Во државите кои ги зафати арапската пролет, повеќе не се поддржува практикувањето на исламот кое го пропагира Ал Каеда. 

Децентрализацијата на Ал Каеда значи дека најголем дел од терористичките напади во иднина ќе бидат изведувани од регионалните ограноци на мрежата, истакнува Кардиљо, кој проценува дека во иднина ќе има и несогласувања околу лидерите во терористичката мрежа околу тоа дали да се води глобална терористичка кампања или фокусот да биде повеќе на локални цели, каде што се стационирани ограноците.