Албанските партии против одлуката на Уставниот суд
28 октомври 2007Реклама
Сеуште не се почитува одлуката на Усвтавниот суд за измени во Законот за знамињата. Раководството на ДУИ и официјално донесе одлука сите нејзини градоначалници да не ја почитуваат одлуката. Партијата за демократски просперитет преку соопштение се огласи дека одлуката на судот е неспроведлива. Паритските шефови на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи повикаа на бојкот и го релативизираа функционирањето на самиот уставен суд. Невладини органзации и здуженија најавуваат масовни протести во земјата.