1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанскиот министер за надворешни обвинет за корупција

16 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BrQk
Албанскиот јавен обвинител Теодори Солаку побара од Парламентот да му се одземе имунитетот на министерот за надворешни работи Љуљзим Баши за да се овозможи судската постапка во која тој е осомничен за вмешаност во корупција и злоупотреба на должноста. Се сомнева дека Баши додека бил министер за сообраќај, на недозволен начин влијаел американско турскиот конзорциум Бечел Енка да го добие тендерот за изградба на делови од автопат во земјата, при што и нанел штета на земјата во вредност од 385 милиони евра. Против Баши се уште нема подигнато обвинение, а не е утврден ниту датумот на парламентарната седница на која би се расправало за одземање на неговиот имунитет.