1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Активни и плодни разговори“ во Виена

21 јуни 2006

Спорот околу атомската програма на Иран и други безбедносни теми доминираат на самитот меѓу ЕУ и САД што денеска се одржува во Виена.

https://p.dw.com/p/Ac5a
Џорџ Буш и неговите европски колеги
Џорџ Буш и неговите европски колегиФотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш на самитот во Виена побара од европските партнери да истраат во политичкиот и економски притисок врз владата во Техеран. „Доколку Иран не ја прифати нашата понуда, тогаш ќе се вратиме на Советот за безбедност на ОН – бара Бушовата администрација од партнерите од другата страна на океанот. „ Имавме активни и плодни разговори, впрочем како што и треба да биде меѓу пријатели и партнери во мир и просперитет. Од секогаш сум верувал дека кога САД и ЕУ работат заедно можат да направат големи работи. Овој свет бара од нас да работием заедно бидејќи постојат многу предизвици“ изјави Буш кој им се заблагодари на замјите од ЕУ за поддршката во Авганистан и Ирак.

Тие пак, претставувани од актуелниот претседавач со ЕУ, австрискиот канцелар Волфганг Шисел и шефот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо на разговарите ја спомнаа и темата Гвантанамо, односно воопшто почитувањето на човековите права во борбата против тероризмот. Шисел уште пред средбата најави дека ќе го изнесе повторно барањето на Европјеците за затворање на озлогласениот американски затвор на Гвантанамо. Американската администрација уште во подготвките за завршната декларација сигнализираше готовност на излегување пресрет по ова прашање.