1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Азил во Европа за прогонуваните хомoсексуалци

АТ/ епд/ дпа/ афп7 ноември 2013

Хомосексуалците бегалци во иднина имаат право на азил во Европа, одлучи Европскиот суд во Луксембург. Меѓутоа, за барањето да биде одобрено треба да бидат исполнети одредени предуслови.

https://p.dw.com/p/1ADde
Фотографија: Katrin Gänsler

Хомосексулците, на кои во нивните татковни им се закануваат казни поради нивната сексуална ориентација, во иднина ќе имаат право на азил во Европа. Меѓутоа само тогаш доколку во земјата од која потекнуваат бегалците навистина можат да бидат пресудени и затворски казни поради хомосексуланост. Оваа пресуда ја донесе Европскиот суд во Луксембург. Тешки повреди на основните права или репресалии против хомосексуалците, на пример, досудување на затворски казни, треба да се третираат како прогон.

Доколку хомосексуалците би биле дискриминирани со закон, тогаш тие би морале да бидат сметани за „социјална група“ во смисла на Женевската конвенција за бегалци, бидејќи тие „од околното општество се сметаат како од друг вид“, сметаат судиите. Во образложението на пресудата понатаму се вели, сексуалната определба е толку значајно обележје за идентитетот на еден човек, што тој не би требало да биде принуден да се откаже од тоа.

Властите мораат да одлучуваат одново

Во конкретниот случај тројца граѓани од Сиера Леоне, Уганда и Сенегал поднесоа тужба пред Европскиот суд. Овие Африканци поднесоа барање за азил во Холандија, бидејќи имале „основан страв“ дека ќе бидат уапсени поради нивната сексуална ориентација. Во сите три земји хомосексуалните дејства се сметаат за прекршок. Хомосексуалците мораат да сметаат на високи парични и затворски казни.

Холандското министерство за доселување и азил првично ги отфрли трите барања. Нивното образложение беше - хомосексуалците би можеле да се воздржуваат и со тоа да избегнат да бидат казнети. Највисокиот суд во земјата, Државниот совет потоа побара од Европскиот суд толкување на ЕУ-прописот за заштита на бегалците.

Судиите во Луксембург по ова пресудија дека властите надлежни за азил неможат да бараат од еден бегалец, во татковината да ја држи својата хомосексуалност во тајност, за да избегне прогон. Ова би противречело на значењето на сексуланата ориентација за идентитетот на еден човек. По ова толкување од Европскиот суд, холандските власти мораат одново да одлучуваат по барањата за азил.