Автобуска несреќа
19 јуни 2007Реклама
Во една од најтешките сообраќајни несреќи во последниве години во Германија, на автопатот Дрезден-Магдебург, загинаа 13 лица, додека повеќе од 30 се повредени, некои од нив тешко. Несреќата според полицијата, се случила кога еден невнимателен возач на камион удрил во автобус и го превртел. Во автобусот со 49 патника, се наоѓала група сениори од Северна Рајна Вестфалија на пат кон Дрезден. Против возачот на камионот е поведена истрага.