1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австралија – “ветена земја“ за Грците

18 октомври 2011

Во Грција се зголемува бројот на невработени, пред се´ меѓу младите. Речиси секој трет млад човек под 30 години е без работа. Поради тоа не е чудо што многумина Грци размислуваат за тоа да се иселат од татковината.

https://p.dw.com/p/12rCX
Blick auf die St George's Häuserzeile, aufgenommen 1999.
Перт, АвстралијаФотографија: picture alliance/dpa

Австралиските власти надлежни за доселувањето во текот на изминатите месеци просто биле бомбардирани со бројни барања од Грција. Заради преголемиот број интересенти, во текот на изминатиот викенд во Атина беше одржан еден вид семинар за доселувањето: „Порадо би отишла во некоја европска земја, бидејќи би било многу поедноставно повторно да се вратам дома. Но, во цела Европа постојат проблеми. Дури и во Италија, каде што веќе бев, ситуацијата е слична како и кај нас и тоа веќе две до три години”, вели Касија Цацали, која неодамна се врати во Атина. Оваа 30-годишна девојка во Италија завршила студии по медицина и сега е без работа и покрај нејзиното високо образование. Поради тоа размислува да оди во Австралија. Лекарите во болниците во Грција се´ повеќе губат работа, а таа нема доволно пари да отвори сопствена ординација. „Ако отидеш во Австралија, тогаш тоа е засекогаш. Многу е тешко да се вратиш. Но, она што е добро во Австралија е тоа дека на пример во Мелбурн живеат толку многу Грци што се чувствуваш како дома. Поинаку е да се отиде во земја во која нема Грци.“

Далечната земја е соочена со иселенички бран

Protesters shout slogans during a demonstration in the northern port city of Thessaloniki, Greece, Wednesday, Oct. 5, 2011. Greek civil servants walked off the job on a 24-hour strike Wednesday, paralyzing the public sector in a protest over ever-deeper austerity measures applied as the government struggles to avoid a catastrophic default. At least 10,000 protesters converged in Thessaloniki, and a crowd of about 16,000 gathered in the Greek capital. (Foto:Nikolas Giakoumidis/AP/dapd)
Незадоволството кај младите од мерките за штедење е големоФотографија: dapd

Во изминатите децении се забележани повремени бранови на зголемено иселување на Грци во Австралија. Сега далечната земја е повторно соочена со ваков иселенички бран, за кој е виновна постоечката криза. Австралија му се радува на таквиот тренд, бидејќи нејзе и´ е потребна секоја високо образована особа. Во изминатите месеци голем број Грци се пријавиле во австралиската амбасада, така што министерството за доселување на таа земја одлучило во текот на викендот во Атина да организира дводневен информативен семинар. Австралиската амбасадорка Џени Блумфилд пред неколку дена мораше по пат на телевизија да ги замоли сите заинтересирани да не прават толку гужва пред амбасадата: „Тоа е чисто информативен семинар. Постојат многумина кои се интересираат за тоа, но не можат сите одеднаш да учествуваат на семинарот. Поради тоа нашето министерство за доселување по пошта им испратило информации на оние, кои не можеа лично да присуствуваат на семинарот.”

Пред Австралиската амбасада се чека ред

Касија Цацали со нетрпение чека информации од австралиската амбасада. Таа, имено, не добила повик да учествува на семинарот. Но, настапот на амбасадорката на грчката телевизија уште еднаш ја охрабрил во желбата сепак да замине за Австралија: „Никогаш не би помислила дека се´ уште постојат земји, кои целно бараат доселеници и кои се така добро организирани што имаат дури и специјални министерства за такви пригоди. Тоа е многу впечатливо и сметам дека е добро.”

Автор: Штефан Вурцел / Светлана Брик

Редактор: Борис Георгиевски