1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аврамопулос: Грција ја поддржува интеграцијата на Македонија

ЕМФ/миа13 јули 2012

Грција се‘ уште ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија, но владата на земјата треба да заземе конструктивен став за прашањето за името, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

https://p.dw.com/p/15WxV
Фотографија: AP

Шефот на грчката дипломатија синоќа (12.07) во Атина имаше состанок со амбасадорите на земјите од ЕУ на кој рече дека грчкото претседателство со ЕУ во 2014. година ќе даде нова енергија во процесот на пристапувањето кон Унијата на земјите од Западен Балкан.

Gesundheitsminister Dimitris Avramopoulos von Griechenland
Димитрис АврамопулосФотографија: Botschaft Griechenland

Аврамопулос, јави дописникот на МИА од Атина, изрази увереност дека Кипар како претседавач со ЕУ е добро подготвен да ја води Унијата кон подобра Европа, и покрај големите предизвици со кои ќе мора да се соочи.

Во врска со одлуката на Турција да ги замрзне односите со ЕУ за време на кипарското претседателство, тој рече дека таквото однесување не е во согласност со земја кандидат за влез во Унијата која има обврска да покаже почит кон институциите на ЕУ.