1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авио-саем во Москва

21 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWWQ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го отвори најголемиот авио и вселенски саем во неговата земја по крахот на Советскиот сојуз. На аеродромот „Жуковски„ јужно од Москва, тој ја повика индустријата поактивно да се вклучи во меѓународната трка. На шестдневниот саем, своите производи ги презентираат околу 800 излагачи од околу 100 држави. Најголемите делегации од странство пристигнаа од Кина, Латинска Америка и од арапските земји.