1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионска несреќа во Тајланд

17 септември 2007

Истражните органи на Тајландскиот туристички остров Пукет ги пронајдоа црните кутии на урнатиот авион.

https://p.dw.com/p/Bgbi
Остатоците од авионот на тајландската компанија "One to go"Фотографија: AP

Тие се надеваат дека по нивната анализа ќе можат во текот на денот да кажат нешто повеќе за причините на тешката авионска несреќа во која според најновите информации животот го загубија вкупно 91 лице.

Меѓу загинатите има и 55 патници со странско потекло, изјави претставник на авио компанијата “One to go“. Нејзиниот авион од типот Мекдаглас со 130 патници и членови на екипажот вчера попладне веднаш по слетувањето на аеродромот во Пукет се распадна и почна да гори. Како најверојатна причина за несреќата се сметаат лошите временски услови што владееја во моментот на слетувањето. Пилотот се обидел да го прекине слетувањето во последен миг и повторно да го крене авионот од пистата на која дувал силен ветер и паѓал дожд. Наместо тоа авионот излетал на крајот од пистата и се удрил во заштитен ѕид од земја, по што се рападнал и почнал да гори. Околу 40-те патници кои успеле да се извлечат со повреди и изгореници се наожале во задниот дел од авионот.

“Уште додека слетуваше авионот можеше да се забележи дека има проблеми. Тој некако слета и потоа повторно се крена. Вториот пат кога ја допревме земјата, тој се распадна. Веднаш почна да гори и добив тешки изгореници по нозете, по рацете, по лицето. Се‘ уште не можам до крај да сфатам што се случи...“ - изјави еден патник од Ирска.

Меѓу 40-те патници кои успеале да се спасат се наоѓаат и четворица германски државјани. Според информациите на Министерството за надворешни работи во берлин, на списокот патници во авионот што доаѓал од Бангкок има вкупно седуммина со германски имиња. За сега нема подетални информации за судбината на останатите тројца.

Претседателот на германското Здружение на туристички агенции Клаус Лепле изјави дека според неговите сознанија ниту една туристичка агенција од Германија немала склучен договор со авион компанијата “One to go":

“За нас во тој контекст е од суштинска важност што ниту една туристичка агенција од Германија нема склучено договор со оваа комапнија, па така можеме да сметаме дека ниту еден германски турист кој патувал организирано преку некоја наша агенција не се наоѓал во авионот.“

"One to go“ е нова тајландска авио компанија, која била формирана во екот на дергулирањето на воздушниот сообраќај во регионот на Југоисточна Азија.