1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авиони на иднината - за 90 минути во Австралија

7 февруари 2012

Екстремно брзи и еколошки - такви треба да бидат авионите во иднина, благодарение на ракетниот погон. Експертите во Германија велат дека за 40 години ваквите авиони ќе бидат реалност.

https://p.dw.com/p/13xjK
Брзината на патување ќе се зголеми дваесеткратноФотографија: picture-alliance/Hinrich Bäsemann

Во Австралија за помалку од два часа - тоа во иднина треба да го овозможат авионите на ракетен погон. Од супер брзите машини треба да профитира и животната средина, затао што ракетното гориво не произведува штетни издувни гасови, вели раководителот на проектот во Германскиот авио-вселенски центар Мартин Зипел.

Тој и неговите колеги сега работат на проект поддржан од ЕУ со три милиони евра, чија цел е да се утврди - како да се складира течен водород во авионите. Според Зипел, авионот на иднината, таканаречен „Спејслајнер“, би можеле да изгледа отприлика како спејс-шатл. Тој би полетувал вертикално, а би се спуштал хоризонтално. Авионот би бил двостепен - еден дел за патници, а еден за гориво.

Lost in Space Russische Sojus-Kapsel vor dem Andocken an die Internationale Raumstation ISS
Потребна e капсула во која би влегувале патниците и која ќе се поврзува со „Спејслајнерот“ пред полетувањетоФотографија: AP

Меѓутоа, за разлика од спејс-шатлот, не би летал во орбитата, туку би останал малку побавен и откако ракетните мотори би биле отфрлени, тој на висина од околу 80 километри би се движел низ атмосферата на Земјата. Тоа во моментов е опасно, затоа што ракетните мотори денес не се толку сигурни како моторите на авионите.

Технологијата за транспорт на луѓе мора да се развие така да биде сигурна. Затоа, на мислење сме дека е потребна капсула во која би влегувале патниците и која ќе се поврзува со „Спејслајнерот“ непосредно пред полетувањето, вели Зипел. Во случај на нужда, оваа капсула би можела да биде одвоена од останатиот дел на авионот.

Спејслајнерот доаѓа за околу 40 години?

Според раководителот на проектот во Германскиот авио-вселенски центар, предноста на ваквите авиони е што патувањето ќе се скрати значително, а освен тоа тие ќе бидат и поеколошки, поради тоа што за гориво ќе користат течен водород и кислород, па за време на летот нема да се испуштаат штетни издувни гасови.

Bildergalerie ILA 2004
Ракетата Аријане - новите авиони би имале делумно слични мотори на нејзинитеФотографија: Presse

„Спејслајнерот“ би можел да стане реалност за 35 до 40 години, но прво се’ мора да се направи безбедно. „Она што мора да се подобри е сигурноста на моторот. Нема да има нови мотори, туку тие делумно ќе бидат слични како оние на ракетата Аријане. Друг проблем е вжештувањето на надворешната површина. Мора да се развијат заштитини системи кои ќе издржат голем број летови. Освен тоа, мора да најдеме решение за складирање на течен водород во авионот“, набројува Зипел.

Тој уште додава дека ваквите авиони нема да летаат на кратки и средни релации, зашто ним ќе им треба голема висина на летање, а освен тоа ќе предизвикуваат и голема бучава.

„Затоа ќе има специјални места за старт на авионите, многу оддалечени од населени региони, чиј број ќе биде ограничен. Можеби ќе има по едно место за старт во Европа, во Австралија, во Америка и во Азија“, вели Зипел.

Автор: Ирена Гител / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски