1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан –Талибанците ја одбија понудата

30 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlKB

Радикално исламистичките Талибанци ја одбија понудата за преговори од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се додека од земјата не се повлечат странските трупи.Карзаи вчера најави готовност за директни преговори со водачот на Талибанците Мула Омар заради запирање на растечкото насилство во земјата.Претходно Талибанците ја презедоа одговорноста за вчерашниот самоубиствен напад во Кабул во кој загинаа 31 лице.

Советот за безбедност на ОН остро го осуди овој напад во Авганистан. Организаторите на нападот мора да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, се вели во деклрацијата на Советот.