1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абас предлага нови избори

16 декември 2006

Дали и се гледа крај на кризата на Блискиот исток, поточно во редовите на Палестинците, или пак кризата само уште повеќе се продлабочува? Палестинскиот претседател, Махмуд Абас денеска побара нови избори со оглед на владината криза која на палестинските автономни територии трае со месеци.

https://p.dw.com/p/Aduq
Махмуд Абас
Махмуд АбасФотографија: AP

Махмуд Абас во говор одржан денеска во Рамала рече дека за нов парламент треба да се гласа што е можно побрзо. “Да се вратиме кон народот, да го чуеме неговиот глас“, побара Абас. Палестинскиот претседател освен парламентарни предлага и нови претседателски избори. Повикот на Аабас е отфрлен од страна на владеачката организација, Хамас, која говорот на Абас го оценува како обид за пуч. Проблемите на Палестинците можат да бидат решени само ако се формира влада на национално единство, изјави министерот за прашања на затворениците, Васфи Кабха.

Махмуд Абас, пак, исклучува коалиција на неговото движење Фатах со радикално-исламистичкиот Хамас поради неуспехот на разговорите околу формирање влада на нациоанлно единство, кои траат со месеци. Според палестинскиот претседател, негова намера е што побргу да се сретне со изборната комисија за што побргу да почнат подготовки за изборите. Терминот на предвремените избори би требало да биде познат за една недела.