1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абас на разговори со Шисел

15 март 2006

Пред враќањето за Палестина поради ескалацијата на насилството во Еирхон, Махмуд Абас се сретна со актуелниот претседавач со ЕУ, австрискиот канцелар Волфганг Шисел.

https://p.dw.com/p/Ae3J
Махмуд Абас во Виена
Махмуд Абас во ВиенаФотографија: AP

При тоа Претседателот на Палестинците потврди дека апсулотното откажување од насилство и признавањето на сите досега склучени договори меѓу Израел и Палестинците мора да важи и за идната влада, што ќе ја формира радикалната организација Хамас. Абас на разговорите во Виена уште апелираше ЕУ да не ја укинува финансиската помош за палестинските автономни подрачја.

На прес-конференцијата по средбата во Виена и домаќинот Волфганг Шисел и гостинот Махмуд Абас ја нагласија големата доверба што владее меѓу двете страни. Абас при тоа мораше веднаш да нагласи дека победата на радикалната палестинска организација Хамас не значи радикализација на целиот палестински народ:

„Многу повеќе станува збор за тоа дека народот се реши за демократскиот пат и за тоа не смее да биде казнет. Затоа изразив желба Еу да не ја укинува помошта за Палестина.„

Домаќинот Шисел на тоа возврати:

„ЕУ сигурно сака да му помогне на палестинскиот народ и не сака колективно да го казни, но за нас е важно заедно да работиме врз база на овие принципи.„

А спомнатите принципи се следините: откажување од насилство, признавање на Ираел и придржување до сите до сега постигнати договори во Блиско источниот мировен процес. Овие точки меѓутоа Хамас не сака да ги внесе во програмата на идната палестинска влада. Затоа Шисел порача:

„Никој не може од нас да очекува да го финансираме теророт или да го поддржуваме екстремизмот. Сакаме да му помогнеме на народот, да создадеме работни места, инфраструктура, да го поддржуваме образовниот систем, но немаме намера да финансираме други, нејасни цели.„

Палестинскиот Претседател побрза на тоа да истакне оти тој лично се залага за апсолутно отфрлање на насилството, но затоа остана прилично нејасен на прашањето како мисли да го натера Хамас да се откаже од него. Абас единствено потенцираше дека во тек се преговори за формирање влада на национално единство, иако формално гледано Хамас би можел и самостојно да формира влада.

„Веќе има разговори, мораме да најдеме заедничка основа, што ќе подразбира и придржување до веќе постигнатите спогодби. Дури тогаш можеме интернационално да дејствуваме и да ја добиваме и понатаму помошта од надвор„ – порача Махмуд Абас во Виена.