1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте притисокот за промена на името на Македонија

16 декември 2007

Македонскиот премиер Никола Груевски јавно призна дека во Брисел лидери од десетина држави од народните партии приватно му сугерирале да прифати географска додавка на името Македонија

https://p.dw.com/p/CcGK
Премиерот Груевски е соочен со тешка ситуацијаФотографија: DW/MIA

ЕУ се солидаризира со Грција и притиска Македонија да го смени уставното име.Македонскиот премиер Никола Груевски јавно призна дека во Брисел лидери од десетина држави од народните партии приватно му сугерирале да прифати географска додавка на името Македонија.

„Отворено ми беше кажувано дека од нас се бара да најдеме компромис со Грција,дури ми се сугерираат и имиња,неколку,како Нова Македонија,Република Македонија-Скопје,Горна Македонија,Северна Македонија,но тоа е во приватни средби,во приватни разговори,иако се работи за највисоки државници и слично,највисоки политичари во Европа.“

Со видлива резигнираност Груевски во Скпје ги соопшти сите варијанти и сугерирани формули со што би се одбегнала грчката закана за вето при прием во НАТО.Но премиерот одбегна категорично и непопустливо да каже дека нема промена на уставното име,како што беше по ноемврискиот предлог од Метју Нимиц за сложено единствено меѓународно име со кое ќе и се обраќаат сите во меѓународната заедница на Македонија.

Очигледно изгубивме многу пријатели и во НАТО и во ЕУ кои сметаа дека Македонија има право и мора да си ги штити своите интереси.Сега реториката се променува,што се должи на неколку сериозни киксови во дипломатијата, реагираше шефицата на СДСМ.Таа се надева дека премиерот ги одбил како непристојни предлозите за промена на уставното име на земјата.