1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

14 март 2011

Веќе четврта недела по ред на врвот на листата најпродаваните музички хитови во Германија ништо ново. Но затоа возбудливо со многу падови и скокови е на местата местата под него. Бележиме и едно голем музички камбек.

https://p.dw.com/p/R8R2
Bruno MarsФотографија: picture-alliance/Landov

1. Bruno Mars неделава успеа да ја одбрани првата позиција на германскиот топ десет. Момчето од Хаваи, кое пред да ја почне соло кариерата, беше и успешен музички продуцент, со синглот Grenade веќе четврта недела по ред е на врвот на најпродаваните хитови во Германија.

2. На втората позиција неделава се искачи британската поп, соул и џез пејачка, Adele со синглот кој досега е продаден во 150.000 примероци Rolling in the deep.

Flash-Galerie Brit Awards 2011
AdeleФотографија: AP

3. Искачување за две места од минатонеделниот пласман за Kylie Minogue и Taio Cruz синглот Higher.

4. Без промена, тука се британското дуо Hurts со синглот Stay.

5. Lady Gaga, екстравагантната девојка од Њујорк, која по објавувавањето на деби албумот The Fame во 2008 година доживеа вртоглав успех, наскоро го најавува објавувањето на новиот албум, именуван како и првиот сингл од него Born this way.

6. Скок за пет места, од минатонеделното 11 на шестот место за финската група Sunrise Avenue. Синглот Hollywood Hills е еден вид навестување за новиот албум Out of Style, кој исто така треба да излезе во продажба на крајот на март.

Band Sunrise Avenue Flash-Galerie
Sunrise AvenueФотографија: picture-alliance/ dpa

7. Синглот на Lena, Taken by a stranger, доживеа најголем пад во однос на минатонеделното второ место, за германската претставничка на изборот за песна за Евровизија неделава само седмо место.

8. Нумерата на Chris Brown е новитет на неделнава топ листа. Американецот, кој во последно време ги полнеше страниците во таблоидите со лоши информации, откако ја тепаше Ријана, сега се обидува да го смени трендот. Среќата ќе ја побара со нов албум, кој треба да излезе на крајот на месецов. На осмата позиција на германскиот топ десет е неговиот сингл Yeah 3x.

9. Just can´t get enough е вториот сингл од новиот албум на Black Eyed Peas, The E.N.D

10. Шведското дуо Roxette по повеќегодишна пауза се врати на музичката сцена со осмиот студиски албум Charm School. Десетото место е резервирано за првиот сингл од овој албум Got Nothing On (But the Radio).

Извор: einslive

Обработка: Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски