1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

6 јуни 2011

Новитет од Нов Зеланд, пласман меѓу најпродаваните десет од Велика Британија, звуци од Латинска Америка - тоа е само дел од овонеделниот Германски топ десет. Дали шампионот се` уште доаѓа до Германија?

https://p.dw.com/p/11VDJ
Pietro Lombardi oсвои сто илјади евра на ИдолФотографија: picture-alliance/dpa

1. Call My Name - Pietro Lombardi

Како победник на кастинг-шоуто Идол, Pietro Lombardi освои сто илјади евра. Тоа сепак, е само една петина од она што неговиот наследник ќе го добие наредната година. Имено, главниот лик зад шоуто, продуцентот Дитер Болен, најави дека победникот во 2012 ќе добие неверојатна сума од половина милион евра.

2. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

При неодамнешната посета на Германија, Pitbull зборуваше за соработката со Jennifer Lopez. Според него, таа е вистински бизнисмен, цврста жена која знае како се прават пари.

3. Party Rock Anthem - LMFAO

Американското електро-хоп дуо LMFAO доаѓа од Лос Анџелес и веќе пет години работат заедно. Приватно се знаат практично цел живот, бидејќи се роднини. За две недели излегува и нивниот нов албум, насловен Sorry For Party Rocking.

4. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Фановите на Snoop Dogg сега имаат уште една можност да дознаат за сите новини во животот на раперот. Тој на својата интернет страница почна еднаш неделно да поставува кратки видео-клипови, во кои игра различни улоги.

Jessie J auf der Bühne Flash-Galerie
Морам да се навикнам на славата - Јessie JФотографија: AP

5 . Price Tag - Jessie J feat. B.o.B

Иако уште од мала сакала да биде позната пејачка, Jessie J признава дека популарноста што ја постигна со деби албумот Who You Are ја фатила неподготвена. „Цел живот ми се промени. Не се жалам, меѓутоа треба да навикнам на славата“, изјави британската пејачка.

6. Give me Everything - Pitbull feat. Ne-Yo, Afrojack & Nayer

При неодамнешната посета на Германија, Pitbull истакна и дека рецептот за неговиот успех е тоа што не бара хитови, туку дозволува тие самите да дојдат до него. А се чини во последно време се` почесто навраќаат до него.

7. A Night Like This - Caro Emerald

Caro Emerald помина над триесет недели на врвот на листата во Холандија, а нејзиниот потенцијал полека почнува да го открива и останатиот дел од Европа. Прашањето е само дали со нејзиниот „винтеџ стил“ може долгорочно да се заджи на мејнстрим сцената, во моментов главно доминирана од денс-музиката?

Flash-Galerie Sängerin Adele
Adele - музиката поважна од изгледотФотографија: AP

8. Set Fire to the Rain - Adele

Adele успехот го постигнува најмногу врз основа на својата музика, наместо изгледот. Еден од менаџерите на нејзината издавачка компанија XL Recordings ги обвини особено неговите американски колеги дека многу често посегнуваат по преголема „сексуализација“ на новите ѕвезди, со цел да привлечат поголемо внимание. Но, според менаџерот на Adele, проблемот не е присутен само во музичката индустрија.

9. Something in the Water - Brooke Fraser (новитет)

Brooke Fraser има 26 години и е веќе голема ѕвезда во својата татковина Нов Зеланд. Деби-албумот го објави кога имаше 18 години и сега се подготвува за интернационален пробив. Синглот Something In The Water е носечкиот од нејзиниот нов албумот Flags, кој треба да се појави на 1. јули.

10. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

Пејачот и композитор од составот Sunrise Avenue неодамна изјави дека уште при компонирањето на синглот Hollywood Hills чувствувал дека тој ќе биде голем хит. „Откако ја снимивме песната, само ги кренав рацете во воздух, бидејќи почувствував дека натана нешто големо.“

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска